Еден од фаворитите за освојување на Купот на Германија, се „протна“ во 1/8 финалето откако на пенали го елиминираше Ајнтрахт сред Франкфурт со 4-2. Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1-1.
По една одлична акција, поранешниот играч на „милионерите“ Кнауф му донесе радост на Ајнтрахт на асистенција на Геце, исто така поранешен играч на Борусија Дортмунд.
На стартот од вториот дел по една акција меѓу Ријерсон и Бранд, вториот стрела во мрежата за израмнување. До 120 минута немаше промена на резултатот.
Во пенал серијата Борусија Дортмунд ги реализираше сите четири удари, додека Доан го префрли голот, а ударот на Чаиби го одбрани Кобел, па почна славјето на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

