Борусија Дортмунд продолжува со одличните резултати – „петарда“ за Верл

Борусија Дортмунд го задржа сто отстотниот учинок во пријателските натпревари во пресрет на новата сезона откако во натпреварот против нисколигашот Верл славеше со 5-0.

Голеадата започна уште во 16. минута кога мрежата ја затресе Похлман, а продолжи во исто темпо и до 54. минута кога конечниот резултат го постави Анинг. Претходно два пати противничкит голман го совлада Мукоко, а еднаш Дахуд.

Се вчитува...