Борусија Дортмунд рутински до второто коло во купот на Германија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд рутински го совлада третолигашот Ердинген со 0-2 и се пласираше во следната фаза од националниот куп на Германија.

По победата над Баерн Минхен во суперкупот, „милионерите“ не одиграа на своето ниво, но и тоа беше доволно за сигурна победа против нисколигашот. Првиот гол за Дортмунд беше дело на Марко Ројс во 49. минута, додека конечните 0-2 ги постави Пако Алкасер со феноменален гол од слободен удар.

Се вчитува...