Борусија Дортмунд се доведе до драма но обезбеди четвртфинале во ЛШ…, продолженија во Торино (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако ремизираше (2-2) со Севилја на домашен терен на реванш осминафиналната пресметка, но сосема доволно по триумфот на првиот натпревар во Севилја кој заврши со триумф на „милионерите“ од 2-3.

Реванш-пресметката мина во знакот на Халанд кој со два гола, во 35. минута и во 54. минута од пенал, донесе предност од 2-0. Шпанците со голот од пенал на Ен-Несири во 69. минута намалија на 2-1, а конечните 2-2 ги постави повторно Ен-Несири со голот во шестата минута од судиското продолжение.


Јувентус и Порто преку продолженија ќе го одредат патникот за четвртфиналето, откако „Старата дама“ триумфираше со 2-1 против португалскиот тим кој со идентичен резултат, пак, славеше на првиот натпревар.

Порто поведе на дуелот во Торино со голот на Оливеира од пенал во 19. минута, но Киеза проработе во второто полувреме кај Јувентус и со два гола, во 49. и во 63. минута, донесе доволни 2-1 за продолжение.


Порто од 54. минута игра со фудбалер помалку по исклучувањето на Иранецот Мехди Тареми.

Јувентус во 91. минута постигна погодок, но по прегледување на ВАР-системот оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Се вчитува...