Борусија Дортмунд се подготвува за животот по Џејдон Санчо

Борусија Дортмунд влегува во трката за потписот на фудбалерот на францускиот Лил Џонатан Иконе. Се поголеми се шпекулациите дека „милионерите“ ќе останат без Џејдон Санчо кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Германскиот Бундеслигаш е подготвен за продажба на својата прва ѕвезда во Манчестер, а се чека само да се договори со клубот од „Олд Трафорд“ за сумата која што ќе биде исплатена за неговиот трансфер.

Санчо кој по преселбата на „Сигнал Идуна парк“ запиша 78 настапи во Бундес-лигата на кои постигна 30 гола. Од друга страна Џонатан Иконе во Лил стигна во 2018 година. За тимот од Франција запиша 66 настапи, на кои постигна 6 гола.

Во меѓувреме, весникот „Билд“ објави дека германскиот клуб денеска ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед вредна 98 милиони евра, инсистирајќи на отштета од 120 милиони евра.

Се вчитува...