Напаѓачот на Штутгарт, Серху Гираси најверојатно ќе се пресели во Борусија Дортмунд, јавуваат германските медиуми. Европскиот вицепрвак сериозно е заинтересиран за репрезентативецот на Гвинеја, кој имаше одлична сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 28 голови и завршувајќи на второто место на листата на стрелците зад Хари Кејн.
Гираси го сврте вниманието кон себе откако му донесе вицешампионска позиција на Штутгарт во Германија.
Исто така Борусија се интересира и за дефанзивецот на оваа екипа, Валдемар Антон. Антон е актуелен репрезентативец на Германија, а тој би требало да биде замена за Матс Хумелс, кој си замина од Дортмунд. За Антон се интересира и Баер Леверкузен, кој бара замена за Џонатан Та, кој се сели во Баерн Минхен.
Екипата на „милионерите“ работи и на задржување на Иан Матсен, како и на Џејдон Санчо, кои настапуваа како позајмени. Еден од оние кои се споменува како можно засилување е и германскиот репрезентативец Паскал Грос кој игра во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА