Борусија Дортмунд со победа во Париз се пласираше во финалето на ЛШ!

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампионите, откако и на реваншот го совлада тимот на ПСЖ со истиот резултат како на првиот меч. Со тоа со вкупни 0-2, „милионерите“ дојдоа до своето трето финале во истријата на најелитното европско натпреварување после 1997 и 2013 година.

Херој на „милионерите“ беше Матс Хумелс кој во 50 минута го совлада Донарума по изведениот корнер од Бранд, но и потоа имаше многу успешни интервенции во одбраната пред налетите на „светците“ преку Мбапе, Дембеле, Хакими…

Мора да се напомене дека ПСЖ немаше среќа, и четири пати ја погоди рамката од голот на Кобел на овој натпревар, а во првиот меч двапати го стори тоа.

Борусија Дортмунд во финалето во Лондон ќе го чека подобриот од мечот Реал Мадрид – Баерн Минхен кој се игра на „Сантијаго Бернабе“, а по првиот меч беше 1-1.

Се вчитува...