Борусија Дортмунд во Лион ја најде замената за Ројс

Борусија Дортмунд е многу блиску да го потпише младинскиот репрезентативец на Франција и член на Лион, 20-годишниот Рајан Черки. Черки кој во минатото беше посакуван од неколку европски гиганти, изразил желба да се приклучи на „милионерите“, и затоа трансферот е во завршна фаза.

Черки ќе треба да биде замена за Марко Ројс, кој од вчера е слободен агент откако го напушти тимот на Борусија како слободен играч.

Черки игра на позицијата офанзивен играч за врска, но може да игра и на крилните позиции. Исто така Борусија е пред потпис и со турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу од Фенербахче, а е во преговори за задржување на Џејдон Санчо, кој беше позајмен во изминатите шест месеци на „Вестфален“.

Се вчитува...