Борусија е кошмар за Шахтјор, нов триумф за „граѓаните“ од Манчестер

Борусија Менхенгладбах неочекувано е лидер во својата група од ЛШ пред Реал Мадрид, Шахтјор и Интер откако германскиот клуб вечерва повторно убедливо славеше над украинскиот првак, овојпат на домашен терен со 4-0.

Целата работа фудбалерите на Борусија ја завршија уште во првото полувреме, Штиндл прв погоди од пенал, по него мрежата ја затресоа и Елведи и Емболо, за во второто полувреме конечните 4-0 да ги постави Оскар Вент.

Манчестер Сити се зацврсти на првото место во својата група по триумфот во Грција над Олимпијакос од 0-1. Гвардиола го одмори Де Бруине, кој воопшто не патуваше со тимот во Грција, но и без најдобриот фудбалер „граѓаните“ стигнаа до трите бода благодарение на голот на Фоден.

Се вчитува...