Борусија е подготвена да загуби 100 милиони евра за да го задржи Халанд

Ерлинг Халанд е еден од најбараните играчи на трансфер маркетот, а долго време за него „војна“ водат европските великани како Манчестер Сити, Реал Мадрид, Барселона и Челси, но Борусија Дортмунд нема намера да го продаде норвешкото „чудо од дете“ и доколку тоа значи загуба од 100 милиони евра.

Имено, „сините“ од Лондон кои се во потрага по напаѓач се подготвени да платат 175 милиони евра за трансферот на 21-годишникот ова лето, а според последните информации од Германија, челниците на Борусија ја одбиле и оваа богата понуда. Притоа давајќи дознаење дека резултатите се поважни од парите поготово во ситуација кога клубот остана без ѕвездата Џејдон Санчо.

Тоа значи дека Халанд следната сезона ќе може да премине во друг клуб за цена од 75 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула. Норвешкиот напаѓач по преминот во Дортмунд одигра 58 натпревари на кои постигна 56 голови па јасно е зошто се води голема битка за неговиот ангажман.

Се вчитува...