Борусија го казни Санчо со 100.000 евра

Џејдон Санчо е голема „ѕвезда“ во Борусија Дортмунд, но германскиот клуб не покажа ниту ронка милост кон англискиот ас по неговиот непрофесионален однос по враќањето во Германија по репрезентативната пауза.

Санчо задоцнил со враќањето назад во Дортмунд, по што тренерот Фавр реши воопшто да не го вклучи во тимот за дуелот со Борусија Менхенгладбах. Воедно, согласно клупскиот правилник на крилниот офанзивец му беше изречена и парична казна, и тоа во висина од огромни 100.000 евра.

Според весникот „Билд“, англискиот интернационалец подоцна од договореното допатувал во Дортмунд, пропуштил еден тренинг на „милионерите“, притоа не давајќи никакво образложение. Реакцијата на управата следела експресно, со напомена дека тоа сепак нема да се одрази врз неговиот првотимски статус во иднина. Се очекува Санчо да се појави меѓу стартните единаесетмина на гостувањето против Интер, в среда во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.

Се вчитува...