Борусија го комплетираше стоперскиот тандем: По Зиле, доаѓа уште еден репрезентативец

Борусија Дортмунд заврши уште еден трансфер на стопер за следната сезона. Од претходно е познато дека Никлас Зиле, сегашниот играч на Баерн Минхен од иднат сезона ќе пристигне на „Вестфален“, а сега е договорен и уште еден германски репрезентативец.

Станува збор за Нико Шлотербек, сегашниот играч на Фрајбург кој од оваа година стана и дел од националниот тим на Германија. Шлотербек би требало да пристигне во Борусија за сума од околу 25 милиони евра, и со тоа да биде комплетиран стоперскиот тандем на Борусија за следната сезона Зиле – Шлотербек.

Покрај овие двајца, во Дортмунд стопер ќе биде и Матс Хумелс, како и Дан Аксел-Загаду, но се очекува заминување на Мануел Аканџи кој одбива да го продолжи договорот со „милионерите“.

Покрај Зиле и Шлотербек, деновиве се очекува и комплетирање на трансферот на Карим Адејеми од Салцбург, кој треба да биде замена за Ерлинг Халанд кој е пред заминување во Манчестер Сити.

Се вчитува...