Борусија Менхенгладбах го освои Франкфурт и го прескокна Лајпциг на табелата

Борусија Менхенгладбах успешно го стартуваше продолжението на шампионатот во Бундес-лигата славејќи на гости против Ајнтрахт Франкфурт со 1-3. Со овој триумф го искористи и киксот на Лајпциг, искачувајќи се на третата позиција на табелата со 52 бода, три помалку од лидерот Баерн Минхен, кој утре му гостува на Унион Берлин.

Гостите поведоа по само 37 секунди игра кога Аласане Плеа ја затресе мрежата на Ајнтрахт Франкфурт. Маркус Турам зголеми на 0-2 веќе во седмата минута и беше јасно дека гостинот е блиску до триумф. Рами Бенсебаини во 72.минута од пенал постигна трет погодок за Борусија Менхенгладбах, а почесниот погодок за Ајнтрахт Франкфурт беше дело на Андре Силва во 81.минута од мечот.

 

Се вчитува...