Борусија Менхенгладбах го запре Фрајбург – Унион Берлин е нов лидер на Бундеслигата

Фрајбург не успеа да стигне до петата победа во 6. коло од Бундеслигата откако на домашен терен одигра 0-0 против Борусија Менхенгладбах. Тоа го искористи Унион Берлин кој со денешниот триумф се искачи на врвот на табелата.

Фудбалерите на Унион Берлин ја запишаа и четвртата победа во Бундеслигата откако славеа на гостувањето кај Келн со 0-1. Херојот на тимот од главниот град на Германија беше домашниот фудбалер Хуберс кој постигна автогол во 4. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...