Борусија Менхенгладбах не го дава врвот

Борусија Менхенгладбах оствари убедлива победа (3-1) над Вердер и ја задржа предноста на врвот на табелата во Бундес-лигата. По 11 одиграни кола, овој тим има четири бода позитива во однос на Лајпциг и на Баерн Минхен.

Бенсабеини и Херман во првото полувреме обезбедија значајна предност за домашниот тим, а Херман во вториот дел постигна уште еден погодок за Борусија Менхенгладбах. Во судиското продолжение Вердер постигна почесен гол преку Битенкурт.

Се вчитува...