Борусија Менхенгладбах се „лизна“ во Фрајбург (ВИДЕО)

Борусија Менехнгладбах се „слизна“ на гостувањето кај Фрајбург откако изненадувачки загуби со 1-0 и направи голем чекор наназад во борбата за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Првиот дел помина во доминација на гостите кои не успеаја да ја материјализираат, па на полувреме се замина со почетниот резултат. Клучниот момент се случи во 58. минута кога Педерсен донесе водство за домаќините, што на крајот ќе се покаже и како победоносен гол. Во продолжение нервозата си го направи своето, па фудбалерот на гостите Плеа во 68. минута заработи втор жолт картон, со што го зацементира поразот на својот клуб.

Со поразот Борусија Менхенгладбах останува на делба на четвртата позиција со Баер Леверкузен со по 56. бода, но и со натпревар помалку од ривалот со кој ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Фрајбург е осми со 41 бод.

 
Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...