Борусија не чека, веднаш го откупи Џан од Јувентус

Борусија Дортмунд експресно го откупи договорот на Емре Џан со Јувентус, само дваесетина дена откако го доведе овој фудбалер на позајмица од таборот на „старата дама“. „Милионерите“ се презадоволни од настапите на германскиот репрезентативец, кој е големо засилување за средниот ред, поради што ја активираа клаузулата за откуп на договорот.

Трансферот вечерва го официјализираше и Јувентус, обелоденувајќи дека германскиот тим се согласил да доплати 25 милиони евра за Џан да остане во Дортмунд, сума што „милионерите“ ќе ја платат на три рати.

Германскиот репрезентативец ќе потпише нов договор со Борусија, со важност до 2024 година, за плата од шест милиони евра по сезона, плус бонуси,

Се вчитува...