Борусија нема шанси да го задржи Санчо

Џејдон Санчо се пресели во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра, но конфликтот со Тен Хаг беше причина крилниот офанзивец да биде пуштен назад на позајмица во Борусија Дортмунд, каде англискиот интернационалец игра во одлична форма.

Тој речиси сигурно ќе биде стартер во финалето од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид, по што ќе треба да се врати назад во Манчестер. Како што стојат работите, шансите Санчо да ја мине и следната сезона во дресот на Борусија Дортмунд се еднакви на нула, откако од Англија стигнаа информации дека клубот што ќе сака да го ангажира овој фудбалер ќе мора да плати најмалку 50 милиони фунти. „Милионерите“ немаат намера да плаќаат богатство за Санчо, туку погледите ќе ги насочат кон други опции на пазарот.

Покрај отштетата од Јунајтед, проблем претставува и фактот што Санчо зема над 250.000 евра неделан плата според договорот со овој клуб. Она што Борусија може да му го понуди е речиси двојно помала заработувачка, па јасно е дека Џејдон во изборот на нова средина сепак ќе се реши за клуб што би му дал плата во висина на она што му е загарантирано во Манчестер.

Се вчитува...