Борусија прва во групата, Лацио со многу среќа во осминафинле

Борусија Дортмунд го освои првото место во групата Ф откако „милионерите“ вечерва славеа на гостувањето против Зенит со 1-2. Иако настапија без Халанд и уште неколку стандардни првотимци, избраниците на Фавр сепак собраа сили за целосен пресврт и со головите на Шмелцер и на Витсел ги освоија посакуваните два бода за да останат на врвот, со самото тоа и да добијат нешто полесен противник во осминафиналната ждрепка.

Лацио ремизираше на домашен терен со Бриж (2-2), резултат кој им беше доволен на „лацијалите“ да се задржат на втората позиција. Римскиот клуб двапати водеше, 50 минути играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на Собол, но сепак си ја искомпликува состојбата примајќи гол на петнаестина минути до крајот. На Бриж му беше потребен уште еден гол за чудо на „Олимпико“ и пласман во осминафиналето, но Белијците немаа сили за целосен пресврт со играч повеќе. Среќата им го сврте грбот на гостите откако Де Кетеларе биеше силно во 92. минута, но топката заврши во гредата, падна пред самата гол-линија и заврши во поле.

По комплетните шест кола од оваа група, Борусија и Лацио продолжуваат во осминафиналето од ЛШ, Бриж ќе биде дел од пролетната програма од Лигата на Европа додека Зенит денеска го заврши својот европски настап за оваа сезона.

Се вчитува...