Бошко Ѓуровски: Моето презиме е Стојановиќ, но по наредба на Тито било променето во Ѓуровски

Поранешниот македонски фудбалски селектор и легенда на Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски, за српските медиуми откри некои работи кои не беа познати за неговиот и животот на неговото семејство.

Тој вели дека нивното фамилијарно презиме било Стојановиќ, но дека на сила било променето во Ѓуровски.

„Нашето изворно презиме по татко било Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме го носел мојот дедо Никола, кој бил српски војник во Првата светска војна. Мојот татко е роден во Белград, потоа сите освен мојот чичко, дошле во Македонија. По војната се случувале чудни работи во Македонија. По наредба на Тито, сите што имале презиме на -ИЌ, морале да го сменат во -СКИ. Со оглед на тоа што мојот прадедо се викал Ѓуро, презимето било сменето во Ѓуровски. И затоа сум сега Бошко Ѓуровски а не Бошко Стојановиќ“, изјави Ѓуровски. 

 

Се вчитува...