Бошко Ѓуровски на кормилото на Црвена Звезда

Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски е именуван за нов тренер на Црвена Звезда. По поразот од Вождовац, досегашниот тренер Миодраг Божовиќ поднесе оставка, а Ѓуровски доби задача да го води тимот во последните три кола од шампионатот, по што ќе разговара и за дополнително останување на клупата на „црвено-белите“.

Црвена Звезда сега има три бода помалку од Партизан во трката за шампионската титула, иако во текот на првенството имаше и голема позитива. Бошко Ѓуровски ќе се обиде да го препороди тимот и да ја надомести негативата, доколку лутиот ривал Партизан даде шанса за такво нешто.

Бошко Ѓуровски беше тренер на Нагоја, а потоа се врати во Белград и досега беше без ангажман. Во 2007 година тој освои двојна круна со Црвена Звезда, откако го презеде кормилото од Душан Бајевиќ.

Се вчитува...