Бошко Ѓуровски: „Се чекаше тој натпревар во Сплит, за да се објави дека умре Тито“

Македонската фудбалска легенда и поранешен селектор, Бошко Ѓуровски е дел од документарниот филм „Таа тажна сплитска ноќ“ поврзан за натпреварот меѓу Хајдук и Црвена Звезда од 4. мај 1980 кога југословенската јавност дозна дека почина тогашниот претседател на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Ѓуровски беше капитен на белградска Црвена Звезда кога точно во 15:05 часот официјалниот спикер на натпреварот соопшти дека Тито починал.

„Мој впечаток е дека се чекаше токму тој натпревар за официјално да се објави дека другарот Тито почина“ – вели Ѓуровски во дел од своите впечатоци поврзани со тој натпревар од шампионатот на поранешна СФРЈ.

Во документарецот зборуваат уште неколку прославени легенди на југословенскиот фудбал, Душан Савиќ, Владимир Петровиќ – Пижон, Зоран Филиповиќ, како и тогашниот директор на стадионот „Пољуд“ во Сплит, Владимир Шенауер. Документарецот премиерно ќе биде прикажан на Спортклуб 1 утре (4. мај) од 20:30 часот.

Се вчитува...