Бошко Ѓуровски стана тренер на клуб од Алжир

Поранешниот селектор на македонскиот национален тим Бошко Ѓуровски, е назначен за нов тренер на Параду во Алжир. Последен ангажман на Ѓуровски му беше Графичар, каде работеше како тренер, а потоа и во раководните структури на овој тим.

Ѓуровски водеше многу тимови, а ова ќе му биде прв предизвик во Африка. Беше тренер на Сервер, Црвена Звезда, Рад, Раднички Ниш, асистент во Нагоја, па репрезентацијата која ја водеше од 2013 до 2015, потоа прв тренер на Нагоја, Кјото Санга, и на крај Грфичар.

Параду е клуб кој е основан 1994 година, но без титула во шампионатот на Алжир. Во моментов Параду е на третата позиција на табелата во првенството.

Се вчитува...