Бошковски: Не може било кој да игра во репрезентација и тоа е свето правило за мене

Македонија загуби од Словенија со 21-31 во првиот натпревар од главната фаза на Светското ракометно првенство во Египет. Долгогодишниот ракометен тренер и поранешен асистент во репрезентацијата, Андон Бошковски вели дека треба само најдобрите да играат во репрезентацијата, бидејќи тоа треба да е врвот во кариерата.

„Мора да продолжиме со работа и да се направи уште подобра селекција. Не може било кој да игра во репрезентација и тоа е свето правило за мене. Не дека имам против некого нешто, но и не мора со 16 да идеме на првенство, може и со 12 за да се знае кој ќе игра. Репрезентацијата е врв на се. Тука не играат пари, туку емоцијата кон својата држава. И затоа кога ќе стигнеш до неа тоа треба да биде врвот во твојата кариера“, изјави Бошковски за МРТВ. 

Во второто коло Македонија во петок од 15:30 часот ќе се сретне со Русија.

Се вчитува...