Бошковски од Работнички потпиша за грузијска Самтредиа (ФОТО)

Довчерашниот член на Работнички, Филип Бошковски стартува интернационална кариера со потписот за грузијската Самтредиа на чија клупа седи македонскиот стратег Димитар Капинковски.

23-годишниот Бошковски, кој игра на десната бековска позиција, одлучи да се раздели со „романтичарите“ и да ја прифати понудата на Самтредиа.

Бошковски потекнува од фудбалската школа на Пелистер каде настапуваше до јуни 2022 година, кога се пресели во редовите на Работнички од каде сега се сели во Грузија.

Се вчитува...