Босна и Херцеговина со водство на полувреме против Канада (ВИДЕО)

Фудбалерите на Босна и Херцеговина имаат предност од 0-1 на полувреме против Канада во премиерниот натпревар за двете репрезентации кои се дел од групата Б на Светското првенство кое што се игра во Америка.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Босна и Херцеговина кога во 3. минута од непосредна близина биеше Мемиќ, но неговиот удар заврши над голот на домаќинот на шампионатот.

Канаѓаните својата прва шанса ја имаа во 17. минута, кога по еден центаршут топката се одби до Џонатан Дејвид кој биеше од 11 метри, но не го направи тоа најдобро па без проблеми интервенираше Васиљ.

По првиот корнер за БиХ, Лукиќ најдобро се снајде во противничкиот петерец и донесе големо водство за неговата репрезентација од 0-1 во 21. минута. До крајот на првиот дел Канада даде се од себе да стигне до израмнувачки погодок, но резултатот остана 0-1.

Canada 0 – [1] Bosnia & Herzegovina – J. Lukić 21'
byu/eliseihado insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...