Кошаркарите на Бостон селтикс поведоа со 1-0 во плеј-оф серијата против Мајами хит која е реприза на минатогодишните две финалиња во Источната конференција во НБА лигата.
„Детелинките“ вечерва на домашен терен едноставно го прегазија противникот кој беше без услугите на својот најдобар кошаркар Џими Батлер со убедливи 114-94. Селтикс уште на самиот старт тргнаа фуриозно па веќе на пауза имаа предност од петнаесет поени (60-45). Во вториот дел домаќините само рутински го приведоа мечот за конечни 114-94.
Џејсон Тејтум со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Бем Адебајо заврши со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА