Бостон го растури Мајами – Можен ли е најголемиот пресврт во историјата на НБА!? (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами хит беа на само чекор од финалето во Источната конференција во НБА плеј-офот по убедливата предност од 3-0 во серијата против Бостон, меѓутоа противниците со две едноподруго победи успеаја да намалат на 3-2 внесувајќи максимална неизвесност во битката за финале.

Досега во историјата на НБА никогаш не се случило еден тим да испушти предност од 3-0 во плејоф серија, поради што дополнително фокусот на јавноста е насочен кон кошаркарите на Бостон кои синоќа триумфираа со 110-97.

Најдобар во победничкиот состав беше Дерик Вајт со 24 поени, Маркус Смарт заврши со 23 поени, додека Џејлен Браун односно Џејсон Татум постигнаа по 21 поен.

Шестиот натпревар од оваа серија се игра на 28. мај, а домаќин ќе биде Мајами.

Се вчитува...