Бостон се спаси од „метла“ и намали на 3-1 против Мајами (ВИДЕО)

Конечно, кошаркарите на Бостон првпат во финалната серија на истокот ја оправда улогата на еден од најдобрите екипи и се „разбуди“ од кошмарот кој го приреди Мајами, кој доби три меча по ред. Селтикс направија „брејк“ на теренот на противникот, и останаа „живи“ во битката за пласман во големото финале, каде Денвер го чека својот противник после победата од 4-0 над ЛА Лејкерс.

На крајот победа на Бостон од 116-99 во Флорида, а петтиот меч се игра за два дена во Масачуссетс и ќе има шанси целосно да го направи неизвесно овој дуел.

Бостон ноќеска беше на висина на задачата, за разлика од претходните три меча. Предводени од Џејсон Тејтум, клучен за нив беше периодот од вториот дел кога одиграа одлични 20 минути и го добија овој меч. Откако губеа по првиот дел со шест разлика, третиот период Бостон го доби со 15 разлика (38-23), серија од која немаше враќање, за во последниот период само ја зголемат разликата.

Тејтум беше најефикасен со 33 поени, но најголема добивка беше одбраната која се чини го реши овој меч и се врати во игра.

 

Се вчитува...