Бостон со неверојатна серија го „скрши“ Мајами и намали на 3-2 (ВИДЕО)

Бостон славеше против Мајами со 121-108 и намали на 3-2 во финалето на Источната конференција од НБА плеј-оф разигрувањето.

Џејсон Татум го предводеше Бостон до победата со 31 поен, дополнети и со десет скока и шест асистенции, од кои дури 17 постигна во третата четвртина која беше клучна за триумфот.

Мајами водеше со 61-50 во еден момент, за да Селтикс со серија од 20-3 дојдат на плус осум, подоцна и на +14, па го одлучија победникот на дуелот.

Татум имаше најголема поддршка од Џејлен Браун со 28 поени, додека кај Мајами се издвои Горан Драгиќ со 23 постигнати поени.

Се вчитува...