Ботас најбрз на спринт трката, сепак ќе стартува последен на утрешната трка

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на спринт трката на патеката Монца. Сепак, и покрај победата тој ќе мора да стартува од последната позиција на утрешната трка поради четвртта промена на турбината во текот на сезоната.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен кој утре ќе стартува од пол-позицијата. Актуелниот шампион Луис Хамилтон имаше слаба спринт трка на која заврши само како четврти.

 

 

Се вчитува...