Ботас: Се заморив да му бидам поддршка на Хамилтон

Финскиот возач, Валтери Ботас призна дека во еден момент додека возел во Мерцедес во периодот од 2017 до 2021 година беше блиску до одлуката да ја напушти Формула 1.

Сезонава Ботас вози за Алфа Ромео, а најголем успех му е пласманот на петтото место на гран-прито на Италија. Тој вели дека веќе се заморил да му биде само поддршка на Луис Хамилтон во Мерцедес.

„На крајот на 2018 година речиси се повлеков. Немаше шанси да се помирам со фактот дека не можам да го победам Хамилтон. Направив премногу притисок на себе и мојот ум почна да оди на некои темни места. Се одморив и направив поширока слика во мојата глава. И резултатите дојдоа веднаш. Во средината на сезоната бев до Хамилтон, но тогаш тој беше многу поконстантен. Ја вратив страста, но ми здодеа да му бидам поддршка“, изјави Ботас. 

Се вчитува...