Ботас спринт трката ќе ја започне од првото место, но главната од последното

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите за утрешната спринт трка на која ќе бидат одредени и стартните позиции на главната трка в недела за ГН на Италија. Сепак и покрај одличното достигнување од 96 стотинки предност пред второпласираниот Хамилтон, Финецот поради четвртта промена на турбината во текот на сезоната, главната трка ќе мора да ја започне од последното место.

Зад двоецот на Мерцес ќе стартува лидерот на генералниот пласман, Макс Ферстапен, а зад него следеа Норис и Рикиардо како четвртти и петти. Од шестото до десеттото место се пласираа Пјер Гасли, Карлос Саис, Шарл Леклер, Серхио Перез и Антонио Џовинаци.

Според новиот формат на квалификации, спринт квалификациските трки дебитираа во Ф1 во јули годинава на патеката Силверстоун, а ова е втор трка досега. Истата е долга 100 километри, односно 18 круга на Монца и трае 25-30 минути. Притоа тројцата најбрзи возачи ќе освојат и бодови. Првиот три, вториот два и третиот еден бод.

Се вчитува...