Ботев Враца: И покрај понудите, Бабунски останува со нас

Доријан Бабунски најверојатно ќе биде дел од Ботев Враца и во пролетниот дел од сезоната, и покрај тоа што имаше неколку интересни понуди, меѓу кои беше и онаа од Левски.

„И покрај понудите и интересот, Бабунски останува кај нас“, се вели во објавата на тимот на Ботев.

Сепак, самиот бугарски клуб објави дека Бабунски останува во екипата до крајот на сезоната. Ова значи дека Ботев нема да добие ништо, односно ќе може да си замине без обесштетување со оглед дека му завршува договорот со тимот од Враца.

Одличните настапи во есенскиот дел му донесоа на Бабунски и репрезентативен повик, и беше во комбинација за мечевите со Ерменија и Исланд, преку кои Македонија избори историски бараж за пласман на Мундијалот.

Се вчитува...