Бове е во свесна состојба, мечот Фиорентина – Интер дефинитивно денеска нема да се доигра

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер и официјално нема да се доигра денеска откако страшни сцени се случија на дуелот кој се играше на „Артемио Франки“.

Младиот фудбалер на домаќините Едоардо Бове колабираше на теренот, по што мораше да дојде медицинска помош. Тој веднаш беше пренесен во болница, додека останатите играчи и целиот стадион со солзи ја проследија целата ситуација.

Стигнуваат информации дека Бове е свесен и дека може самостојно да дише. Повеќе информации ќе се знаат во следните часови, но добра информација во моментов е дека Бове е стабилен.

 

Се вчитува...