Божиновски: Алашкерт е фаворит на хартија, но тоа не значи ништо на терен

Експедицијата на Македонија ЃП пристигна во Ерменија, каде утре ќе излезе на мегдан со екипата на Алашкерт во првата квалификациска рунда за Лигата на Европа. „Лавовите“ умешно фаворитската улога му ја препуштаат на противникот, но и најавуваат жестока битка во обид да приредат изненадување.

“Екипата на Алашкерт е благ фаворит на хартија, но ние ќе покажеме дека на терен тоа не значи ништо. Овој натпревар можеби и нема да има многу фудбалска убавина, туку напротив, силна борба на секој дел од теренот. Се надевам дека ние ќе излеземе како победници од таа борба и ќе извлечеме позитивен резултат во првите 90 минути од овој двомеч, а тоа би значело се освен пораз“ – истакна капитенот Боби Божиновски.

Натпреварот меѓу Алашкерт и Македонија ЃП се игра утре со почеток во 17 часот.

Се вчитува...