Божиновски го напушти Работнички и се пресели во Азербејџан

Голманот на Работнички, Даниел Божиновски, се реши за преселба надвор од мак-фудбалот и ја договори соработката со азербејџанскиот клуб Сабаил. Станува збор за екипа што го освои третото место во азербејџанскиот шампионат и што ќе учествува во европските купови.

Раководството на Сабаил покажа сериозен интерес за Божиновски, кој имаше опција и за преселба во Брегалница Штип, но на крајот сепак се реши да се пресели во далечниот Азербејџан.

Во Сабаил како кондициски тренер работи Тони Богдановски, кој претходно исто така беше дел од тимот на Работнички.

Се вчитува...