Божиновски: Нијанси и индивидуални грешки ќе одлучуваат во пресметката со молдавскиот тим

Силекс утре од 16 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ против молдавски Петрокуб го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во новата УЕФА Конференциска лига.

Кратовци со нов тим, воден од новиот тренер Горазд Михаилов, ќе ја водат европската трка, верувајќи дека може да дојдат и до пласман во следната рунда европски натпревари.

Голманот Даниел Божиновски пред утрешниот натпревар вели дека се работи за два израмнети тим, поради што нијансите ќе одлучуваат околу тоа кој ќе го продолжи европскиот пат.

„Добро сме подготвени за почетокот на новата сезона. Свесни сме дека не чека тежок натпревар кој според мене ќе го одлучат нијанси, или можеби само една индивидуална грешка. Мора да бидеме внимателни посебно и затоа што престои и реванш на кој мислам дека ќе се одлучува патникот во следната рунда“ – истакна Божиновски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

Се вчитува...