„Божицата“ против „Кралот“ за место во четвртфиналето на ЛШ

Најсилното фудбалско натпреварување во светот, Лигата на Шампионите се враќа денеска во етерот со два дуела од вторите осминафинални натпревари, а еден од нив е мечот помеѓу „Кралот“ и „Божицата“, кој ќе биде одигран во Мадрид од 21 часот.

Реал Мадрид има предност од 1-0 стекната во Бергамо, а во натпреварот влегува во добра форма со оглед на тоа што избраниците на Зидан не знаат за пораз по првиот меч, а имаа забележано една победа и два нерешени дуела. Но, ни Аталанта не се предава. ‘Дрско би било да му се закануваме на Реал’, изјави предводникот на „сините“, Гасперини, во пресрет на реванш натпреварот и покрај тоа што Италијанците во последните четири средби се со скор од три победи и еден пораз.

„Кралевите“ за разлика од првиот натпревар ќе може да сметаат на повратниците во тимот, Карим Бензема и Серхио Рамос, меѓутоа нема да ја имаат поддршката од Азар, Карвахал, Дијаз и Марсело, како и суспендираниот Кашемиро. Повредите не го заобиколија ниту составот на Гасперини кој покрај суспендираниот Фројлер, нема да смета на Хатебур, Коваленко и Шутало.

 

Се вчитува...