Брага по пенали ги елиминираше Шериф и Николов од Лига Европа

Брага им се приклучи на Севилја, Порто, Аталанта, Лајпциг, Бетис, Барселона и Ренџерс во осминафинелто од Лига Европа откако славеше по пенал рулет против Шериф на нашиот репрезентативец Бобан Николов кој настапи во второто полувреме.

Шериф по првиот натпревар имаше предност од 2-0 стекната на домашен терен, но Брага возврати со два гола во првото полувреме од вториот меч. Медеирос ја затресе мрежата во 17. минута, а предноста на молдавскиот тим ја стопи во целост Хорта во 43. минута.

Во продолжението од мечот немаше гол, а победникот беше одлучен по изведба на пенали во кои молдавскиот тим ги промаши првите три обиди и немаше што да бара во серијата.

По пенали беше решен и последниот патник во осминафиналето од Конференциската лига, а во него патува Паок кој славеше над Мидтјуланд. Клучна беше втората рунда во која Мејер не успеа да постигне гол, а домаќините беа перфектни од почеток до крај.

Се вчитува...