Брахим Дијаз доаѓа на позајмица во Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан полека, но сигурно ја комплетира навалната линија за следната сезона. Откако успеа да го договори Златан Ибрахимовиќ да остане уште една сезона на „Сан Сиро“, раководството на Милан се погрижи да доведе и многу помлада крв.

Брахим Дијаз, напаѓачот на Реал Мадрид, во следната сезона како позајмен играч ќе го носи дресот на „росонерите“. Во договорот има и клаузула за целосно откупување на младиот напаѓач доколку двете страни се сложат за тоа. Исто така, Реал Мадрид има и клаузула за повторно откупување на фудбалерот во наредниот период од договорот.

Шпанецот ја стартуваше кариерата во Малага, но уште како младинец се пресели во Манчестер Сити. Сепак, таму не стигна до сениорскиот погон, а веќе направи трансфер во Реал Мадрид. Но, и во „кралскиот клуб“ не се наигра минатата сезона, беше дел само од 15 натпревари, па Зинедин Зидан одлучи да го испрати на позајмица во Милан.

Се вчитува...