Брахим Дијаз доби негативен тест, ќе биде во составот на Милан за дерби мечот со Рома

Играчот од средниот ред на Милан, Брахим Дијаз успеа да се избори со коронавирусот, па денеска ќе излезе од изолација и ќе се врати на тренинзите. Клубот соопшти дека 22-годишниот шпански репрезентативец добил негативен тест на Ковид-19.

По четири пропуштени натпревари, вклучувајќи го и синоќешниот меч со Торино, Дијаз ќе биде во комбинација за неделното дерби против Рома.

Фудбалерот роден во Малага, кој беше позајмен во Милан од Реал Мадрид, беше во карантин 11 дена, а неговото враќање особено го израдува тренерот Пиоли, бидејќи Милан моментално има многу проблеми со позицијата преден играч за врска. Искусниот Бразилец Јуниор Месијас се уште е во аут, па дури и Раде Круниќ и Данијел Малдини се обидоа да го покријат местото зад напаѓачите.

Инаку, пред два дена од карантин излезе Тео Хернандез, кој исто така беше заразен со коронавирус.

Се вчитува...