Браиза-Буше најдобра на масовниот старт во бијатлон

Французинката Жастин Браиза-Буше стигна до златниот медал на последната трка во женска конкуренција во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Французинката беше одлична како на стрелиштето така и на патеката и на крајот масовниот старт од 12.5 километри го заврши со време од 40:18.0 минути.

Сребрениот и бронзениот медал им припадна на тандемот Норвежанки, Тирил Екоф и Марте Олсбу-Ројзеланд. Сребрената Екоф доцнеше зад времето на златната Французинка 15.3 секунди, додека Ројзеланд до петтиот медал на игрите стигна со заостанување од 34.9 секунди зад времето на победничката.

Се вчитува...