Брајан Авиа ќе ја претставува Македонија на СП во младинци во САД

Македонскиот атлетичар Брајан Авиа, ќе ја претставува Македонија на престојното Светско првенство во атлетика за младинци до 20 години кое ќе се одржи во Јуџин, во сојузната држава Орегон во САД.

Авиа ќе учествува во дисциплината скок во далечина, како рекордер во оваа дисциплина, кој го постави пред две недели на Балканските игри во Крајова, Романија. Тогаш македонскиот атлетичар скокна 7,15 метри. Авиа има скок и од 7,20 на државно првенство, меѓутоа тој резултат не е валиден затоа што имало недозволен ветер.

Експедицијата предводена од искусниот тренер Ѓорѓи Вучков, заминува во САД на 3 август, а се враќа на 9. август.

Се вчитува...