Брајант не го става Леброн во идеалната петорка на САД на сите времиња

Една од најголемите ѕвезди на американската кошарка Коби Брајант беше дел од жрепката за Светското првенство кое оваа година ќе се одржува во Кина. Тој во интервју за порталот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го избра идеалниот тим на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

Брајант „џентлеменски“ се изостави себе си, а меѓу најдобрите пет Американци кои заиграле за репрезентацијата се најдоа: Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Лери Бирд, Хаким Олајџувон и Карим Абдул – Џабар.

Интересно е тоа што во овој тим не се најде неговиот добар пријател, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.

Се вчитува...