Брајтон му набива комплекс на Челси

Челси повторно падна во резултатска криза откако тимот на Енцо Мареска вторпат за помалку од седум дена загуби од ист ривал. Брајтон е тимот што успеа за кратко време два пати да го земе скалпот на „сините“, откако минатиот викенд го елиминираше Челси од ФА Купот на Англија, а вечерва беше подобар од реномираниот противник и во рамките на Премиер-лигата.

Челси се мачеше да влезе во ритам, а домаќините го искористија тоа и со голот на Митома успеаја да стигнат до предност од 1-0. Велбек постигна гол за 2-0 што беше поништен поради минимален офсајд, но искусниот голгетер затоа одлично се снајде во улога на асистент.

Минтех беше двојниот стрелец за Брајтон, со по еден гол во првото и во второто полувреме, за зголемување на притисокот врз Мареска.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...