Брајтон со пресврт го совлада Ливерпул (ВИДЕО)

Брајтон со пресврт во вториот дел го совлада новиот англиски шампион Ливерпул со 3-2 на свој терен, и ги задржа шансите за пласман во Европа, само доколку Челси ја освои Лигата на Конференции. Иако двапати губеа, на крајот домашните успеаја да слават триумф.

Ливерпул веќе е со обезбедена титула, додека Брајтон сега ќе го чека исходот од финалето во Лигата на Конференции, за да се надева на пласман во Европа,  па затоа мечот немаше апсолутно никакво значење ниту за едниот, ниту за другиот тим.

Ливерпул два пати водеше, на крајот не дојде до бодовите. Елиот во 9. минута донесе предност, а Ајари во 32. израмни. Следуваше прекрасниот гол на Собослаи пред последниот свиреж за нова предност на „црвените“.

Новиот „првак“ потклекна во последните 20 минути. Најпрво Митома во 69. минута донесе израмнување, за Хиншелвуд во 87. минута донесе предност, и победа за Брајтон.

Се вчитува...