Брајтон со шлаканица за Мурињо и јунајтед

Манчестер јунајтед го претрпе и првиот пораз во новата премиерлигашка сезона откако Жозе Мурињо и неговите избраници попладнево беа посрамотени на гостувањето против Брајтон (3-2). „Црвените ѓаволи“ одиграа далеку под своите можности, отсуството на повредениот Алексис Санчез беше и повеќе од очигледно во нападот, но Јунајтед тотално потфрли и во одбраната, каде Де Хеа мораше три пати да ја вади топката од сопствената мрежа.

Клучна беше средината од првото полувреме, кога Брајтон набрзина поведе со 2-0 со погодоците на Барнс и на Дафи. Кога Лукаку погоди за 2-1 се чинеше дека гостите ќе можат да се вратат, но следеше наивно загубена топка и направен пенал по што Грос зголеми на 3-1 пред крајот на првото полувреме.

Мурињо во второто полувреме ги внесе во игра Лингард, Рашфорд и Фелаини, а токму над Белгиецот во 94. минута беше направен пенал по кој Погба ги постави конечните 3-2.

Се вчитува...