Браќата Бабунски ќе играат заедно: Дориан потпиша за Дебрецен

Дориан Бабунски е нов член на унгарски Дебрецен. Тој во следните 2,5 години ќе настапува во овој тим, во кој моментално член е неговиот брат Давид.

Бабунски го напушти тимот на Ботев Враца, имаше понуди да остане во Бугарија, имаше и од Рапид Виена, но се реши да стави потпис за унгарскиот тим, зголемувајќи ја колонијата на Македонци во Унгарија.

Дориан во минатото играше за младинскиот тим на Реал Мадрид, во Фуанлабрада, Олимпиа, Радомлје, Мачида, Кагошима и во Ботев Враца. Беше дел од националниот тим на последните два квалицикациски натпревари со Ерменија и со Исланд.

Се вчитува...