Браќата Карабатиќ добија условна затворска казна

Само два дена по освојувањето на новата титула светски шампиони браќата Никола и Лука Карабатиќ се појавија пред Апелациониот суд во Монпелје, каде и официјално беше завршен процесот против двајцата ракометари и обвинението за незаконско обложување на натпревари на нивниот поранешен клуб.

Никола и Лука Карабатиќ заработија условни затворски казни од по два месеци, како и парична казна од 10.000 евра откако беа прогласени за виновни во скандалот со контроверзниот натпревар меѓу Монпелје и Сесон. Ракометарите, заедно со уште 14 соучесници беа дел од големиот скандал откако беше обелоденето дека над 100.000 евра се вложени на исходот на првото полувреме на дуелот меѓу Монпелје и Сесон, на кој бодовите на тимот на Карабатиќ не им беа неопходни.

Француската јавност ова го оцени како „победа“ на ракометарите, кои дефинитивно ја имаат научено лекцијата и нема да го повторат престапот за да дојде до активирање на затворската казна.

Се вчитува...